РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Реално присутно население спроред сите проценки не надминува 1,5 милиони
„За 20 до 25 години тоа што ќе им го оставиме на тие генерации по нас ќе биде сериозен предизвик. Зошто? Зашто тогаш се плашам дека ќе бидеме држава со под еден милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер, еден вработен.“
Мицкоски: Реално присутно население спроред сите проценки не надминува 1,5 милиони
Мицкоски: Реално присутно население спроред сите проценки не надминува 1,5 милиони / Влада на РСМ
30 септември 2025

Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

„Според последниот попис сме нешто над 1,8 милиони жители. Имаме над 700.000 редовно вработени и околу 350.000 пензионери. Реално присутно население според сите проценки не надминува 1,5 милиони. Можеби ова во следните 10-15 години ќе биде предизвик, но не со таа брзина ќе го почуствуваме сите. За 20 до 25 години тоа што ќе им го оставиме на тие генерации по нас ќе биде сериозен предизвик. Зошто? Зашто тогаш се плашам дека ќе бидеме држава со под еден милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер, еден вработен. Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд“, рече Мицкоски.

Според него, секој оној кој не разбира колку е ова сериозно не и мисли добро на државата.

„Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат, како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни влади, а тоа се многудетните семејства. За бадијала ни се градинки ако нема деца, за бадијала ни се училишта ако нема деца, за бадијала градиме автопати и пруги ако нема кој да вози и кој да се вози по нив. За тоа јас би сакал до сите македонски граѓани да упатам јасна порака формирањето семејство, а формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност, многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик“, рече Мицкоски.

Оваа програма, како што нагласи, е „потврда дека не сме сами, дека имаме пријатели и партнери во светот, но и дека одговорноста е на сите нас да ги сочуваме нашите луѓе, да ги поддржиме младите, да го сочуваме семејството и да ја обезбедиме иднината на Македонија.“

На настанот зборуваа и директорката на УНФПА за регионот на Источна Европа и Централна Азија,Флоренс Бауер, министерот за социјална политика, демографија и млади,Фатмир Лимани, и постојаната координаторка на ОН во Македонија, Рита Колумбија.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство