РЕГИОН
3 мин читање
Мисајловски-Хелез: Регионалната стабилност и безбедност остануваат приоритет
Министерот Мисајловски му посака добредојде на неговиот колега од Босна и Херцеговина, министерот Хелез, и рече дека неговата посета е потврда за одличните односи меѓу двете земји и посветеноста за унапредување на соработката во областа на одбраната
Мисајловски-Хелез: Регионалната стабилност и безбедност остануваат приоритет
Мисајловски-Хелез: Регионалната стабилност и безбедност остануваат приоритет / Министерство за одбрана на РСМ
пред 9 часа

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес го пречека министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, кој е во официјална посета на Северна Македонија, јавува Анадолу.

Двајцата министри одржаа билатерална средба по која дадоа изјава за медиумите, во која ја истакнаа посветеноста за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Министерот Мисајловски му посака добредојде на неговиот колега од Босна и Херцеговина, министерот Хелез, и рече дека неговата посета е потврда за одличните односи меѓу двете земји и посветеноста за унапредување на соработката во областа на одбраната.

„Оваа посета покажува дека имаме одлични односи, дека двете земји сме посветени на развојот на меѓусебната соработка, а особено во одбраната. Истовремено е показател за довербата што ја имаме меѓу нашите две пријателски земји“, изјави Мисајловски.

Тој додаде дека регионалната стабилност и безбедност остануваат приоритет.

„Разговаравме за она што е најважно за граѓаните, а тоа е безбедноста во целиот регион и стабилноста. Тоа е апсолутен приоритет имајќи предвид дека без тоа не може да зборуваме за ниту една друга сфера, особено економијата“, рече Мисајловски.

Министерот за одбрана на Северна Македонија нагласи дека земјата останува посветена на поддршката на Босна и Херцеговина во евроатлантските интеграции.

„Како земја членка на НАТО, подготвени сме да ги споделиме нашите искуства и да ѝ помогнеме на БиХ во процесот на интеграција. Во контекст на безбедноста знаете дека остануваме со целосната поддршка на мировната мисија АЛТЕА во ЕУ бидејќи стабилноста е приоритет и секако во моментот во рамки на оваа мисија имаме 33 припадници“, истакна тој.

Хелез, од своја страна, се заблагодари за топлиот пречек и за поддршката што Северна Македонија ја дава на неговата земја, особено во однос на обуката на кадети од БиХ на Воената академија во Скопје.

„Сакам да истакнам дека по Турција, Северна Македонија е втората земја каде нашите кадети се образуваат, стекнуваат знаење и ќе го пренесат во нашата држава. Тоа е нешто за што сме многу благодарни“, изјави Хелез.

Тој додаде дека двете земји имаат слични предизвици и цели во евроатлантските интеграции.

„Му честитав на колегата за членството на Северна Македонија во НАТО-сојузот, што за нас сѐ уште претставува цел. Работиме на исполнување на програмата на реформи и секоја година ја испраќаме во Брисел. Нашата втора политичка цел е членството во Европската Унија“, рече Хелез.

Министерот за одбрана на БиХ ја нагласи и важноста на соработката во областа на наменската индустрија, велејќи дека БиХ има една од најразвиените наменски индустрии на Западен Балкан и истакна уверување за развивање успешна соработка со Северна Македонија, особено во користењето на нејзините полигони и размена на искуства.

Хелез најави и дека во ноември ќе го пречека својот колега во БиХ, каде што заедно ќе ја посетат мисијата АЛТЕА и македонските војници кои се дел од контингентот.

Двајцата министри ќе присуствуваат на првиот академски час во Воената академија во Скопје, на кој годинава се запишани и повеќе кадети од Босна и Херцеговина.

Повеќе
Почна изборната кампања за осмите локални избори од независноста
Кајмак: Омилениот кремаст намаз на Балканот
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
Форензичари повикуваат на истраги за воени злосторства во Газа по моделот на БиХ и Косово
Загрижува ненадејната срцева смрт кај млади луѓе
Од утре на сила новите измени на законот за безбедност во сообраќајот
Сиљановска Давкова во ОН: Сакаме интеграција во ЕУ, но без дополнителни услови и со достоинство
Скрининг во Трубарево: Од 111 прегледани граѓани, 11 ќе бидат дополнително испитувани
Пад на продажбата на станови во вториот квартал
Алиу: Набрзо ќе има ревидирање на листата на лекови, тоа ќе се прави два пати годишно
Кос: Босна и Херцеговина ризикува да изгуби 100 милиони евра без списокот на реформи
Славески на 15 октомври ќе го потпише писмото со кое земјата ќе влезе во системот на инстант плаќање
Тошковски: Хибриден напад е факт, институциите работат на случајот
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
Сиљановска- Давкова: Ако сакаме мир време е да го довериме кормилото на ОН на жена
Мицкоски со директорот на Стопанска комора на Дубаи: Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство