| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка
Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и за подобрување на животот на граѓаните, рече Ѓуриќ
Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ поднесе оставка
Поднесувањето оставка не е израз на слабост или повлекување пред предизвиците, туку чин на преземање одговорност и отворање простор за обнова на довербата меѓу граѓаните, рече тој / Photo: Grad Novi Sad

Милан Ѓуриќ денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад.

„Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и подобрување на животот на жителите на Нови Сад“, рече Ѓуриќ.

„Во време кога општеството се соочува со огромни тензии, кои стануваат се покомплексни, заканувајќи се да предизвикаат понатамошни и подлабоки поделби, како некој кој верува во моќта на дијалогот и меѓусебното разбирање, верувам дека прифаќањето одговорност и поднесувањето оставка е моја човечка и политичка должност и морална обврска“.

Тој потсети на последниот насилен напад врз студентка, посакувајќи и брзо закрепнување и ја повика полицијата што поскоро да ги открие напаѓачите и правосудните органи да ги казнат согласно законот.

„Поднесувањето оставка не е израз на слабост или повлекување пред предизвиците, туку чин на преземање одговорност и отворање простор за обнова на довербата меѓу граѓаните“, рече тој.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска соопшти дека поднесува оставка од функцијата поради случувањата во Србија, која повеќе од два месеци е сцена на студентски протести и блокади по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Венецуела на КОП31 претстави план за обединување на заштитата на шумите и океаните
Блокот на Ајзенкот сака да укине пет закони од ерата на Нетанјаху пред формирањето на новата Влада
Властите во Рас Ал Хаима повторно отворија седум плажи по излевањето нафта
Најмалку двајца загинати при уривање на станбена зграда во Бруклин
Ердоган разговараше со Пазешкијан и повика на итен крај на војната Иран-САД
Туркије на КOП31 потпиша договори за финансирање на развојот во вредност од 5,1 милијарди долари
Кралот Чарлс ги повика учесниците на КОП31 да ги преточат климатските обврски во конкретни акции
Најмалку шестмина Палестинци убиени во изралески напад врз болница во Газа
„Акинџи“ тестира муниција за продир во бункери под електронска блокада
Мицкоски: Ваква глобална енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
Кабинетот за безбедност на Израел ќе се состане поради можен нов напад врз Иран
Пезешкијан од КОП31: Американско-израелската војна против Иран ослободила 1,5 милиони тони ЦO2
Маск вели дека би било „чест“ да го вработи извршниот директор на Нвидиа, Џенсен Хуанг
Емине Ердоган: Глобалната алијанса Нула отпад да ги претвори локалните решенија во светска акција
Бернам од КОП31: Чистата енергија е единствениот пат до енергетска безбедност