| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Силјановска Давкова-Октај: Потврдено силното македонско-турско пријателство
Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Туркије, Фуат Октај укажа на потребата да се подобрат условите за живот во средините со мнозинско турско население со посебен акцент на инфраструктурата
Силјановска Давкова-Октај: Потврдено силното македонско-турско пријателство
Октај ја пренесе желбата на неговите сонародници за почести средби со претседателката / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Туркије, Фуат Октај.

Таа уште еднаш изрази сочувство за пожарот што се случи во скијачкиот центар Карталкаја. Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на меѓусебното разбирање и помош во тешките мигови.

Средбата го потврди цврстото македонско-турско пријателство. Беше констатирано дека турската заедница во земјава е нераскинлив дел од македонското општество и дека граѓаните од македонско потекло во Туркије се мост за зближување меѓу двете земји. Претседателката уште еднаш ги истакна нејзините блиски релации со Туркије врзани за личното, професионалното и пратеничкото искуство.

Соговорниците го потенцираа значењето на стратешкото партнерство за севкупните меѓусебни односи, а особено за одбраната и безбедноста. Тие се согласија дека улогата на турската заедница е особено важна во македонското мултикултурно општество.

Исто така, изразија очекување за поголеми инвестиции и зголемена трговска размена.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Туркије, Фуат Октај укажа на потребата да се подобрат условите за живот во средините со мнозинско турско население со посебен акцент на инфраструктурата. Исто така, тој ја пренесе желбата на неговите сонародници за почести средби со претседателката.

Претседателката го поддржа турскиот предлог за воспоставување на Висок совет за стратешка соработка меѓу двете држави како гаранција за продлабочување на стратешкото партнерство. Во советот обајцата гледаат правна и институционална рамка за динамизирање на севкупната меѓусебна соработка.

Октај укажа на големиот интерес на бројни турски граѓани со македонско потекло за побрзо добивање на македонско државјанство. Исто така, во областа на туризмот тие гледаат отворен простор за поголема соработка.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Со велосипед од Велес до Италија и назад
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Рама: Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија
Хаџиу и Мецола разговараа за напредокот на Косово во ЕУ интеграциите
Колку е казната доколку немате зимска опрема?
АНБ и МВР разбиле иранска прокси мрежа која планирала терористички напад во Грција
Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата
Со свечена заклетва конституиран новиот состав на Народното собрание на Србија
Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија
Се урна српски МиГ-29, пилотот загинал
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ е геостратешки императив, посветени сме на реформите
Фон дер Лајен: Земјите од Западен Балкан прават значајни чекори кон членство во ЕУ
Човекот кој готвеше тавче гравче за принцот Чарлс и јагнешко за емирот од Катар