| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Студентите протестираат во Скопје, Владата тврди стипендиите се исплаќаат
Поддршка за протестот организиран од Универзитетското студентско собрание - УКИМ пристигна и од останатите државни универзитети како „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ
Студентите протестираат во Скопје, Владата тврди стипендиите се исплаќаат
Студентските организации излегоа на протест пред МОН / Фото: МИА
5 февруари 2024

Студентите од најголемиот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ попладнево во Скопје протестираа пред Министерството за образование и наука.

„Сакаме промени, сакаме одговорност" извикуваа студентите кои револтот од неисплатените стипендии и нередовноста на останатите студентски бенефиции го изразија со свирежи, транспаренти и „црвени картони“.

Поддршка за протестот организиран од Универзитетското студентско собрание - УКИМ пристигна и од останатите државни универзитети како „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мајка Тереза“, и од приватните универзитети АУЕ-ФОН и Американ колеџ.

Дел од барањата на студентите се и навремена исплата на ваучерите за превоз, почитување на роковите за исплата на субвенциите за студентски оброк и подобрубање на студентскиот стандард.

Од Владата на Република Северна Македонија порачаа дека сите стипендии ќе бидат исплатени заклучно со јануари во текот на неделата. Истовремено им порачаа на студентите да се информираат за состојбата со исплатите од официјалните институции.

„Владата е посветена на унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, и за тоа доказ се сите преземени активности во изминатиот период како што се пред сè зголемувањето на износите на стипендиите кои се изедначени на ниво од 6.050 денари месечно, односно се со пораст во однос на тоа што претходно се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари. Вкупниот годишен буџет за оваа намена – доделување на студентски стипендии се зголеми за 65 проценти. Претходно на годишно ниво се исплаќаа 117 милиони денари, а во 2021 се исплатија 179 милиони денари и овој тренд продолжи и во 2022 и 2023 година“, се вели во владиното соопштение.

На протестот на студентите се приклучи и студентската организација „Студентски отпор“ со цел барањата да бидат заеднички застапени пред образовните власти.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Возачите на камиони од Босна и Херцеговина најавуваат блокади на граничните премини од 12 март
Оштетена Амбасадата на Србија во Техеран за време на воздушните напади
Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
Во Скопје одбележана 78-годишнината од егзекуцијата на членовите на движењето Јуџел
Истражување: Малолетниците непречено купуваат цигари и покрај нивната возраст
Гаши – Грлиќ Радман: Хрватска останува силен поддржувач на евроинтеграциите на Северна Македонија
Претседателката Силјановска-Давкова го пречека албанскиот колега Бегај
Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата
Муцунски: Мораме да најдеме решение со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
Рама предложи голема владина реконструкција, опозицијата е незадоволна
Северна Македонија и Хрватска ја зајакнуваат билатералната соработка и европската перспектива
Андоновски: Ќе бидеме меѓу првите земји што ќе го воведат „Роаминг како дома“ со ЕУ
Ивица Дачиќ хоспитализиран поради тешка пневмонија
ЈТБ организираше програма „Ифтар на братството на Балканот“ во Скопје
Во Скопје предавање „Градење на новиот свет: Академски и културни мостови за младите на Балканот“
Соренсен: Добри разговори во Белград, фокус на спроведување на обврските од дијалогот
Европската комисија предложи разговори со Западен Балкан за укинување на роамингот со ЕУ
Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
Сијарто: Eнергетскиот сојуз на Унгарија и Србија го зајакнува регионот
Еден тон марихуана запленет во складиштето на една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата