| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Пендаровски оствари работна посета на Албанија
На средбата беше изразено задоволство од традиционалното пријателство и засилената соработка меѓу двете земји, како и уверување дека меѓусебната поддршка и размената на искуства ќе продолжат и во иднина
Пендаровски оствари работна посета на Албанија
Пендаровски оствари работна посета на Албанија / Photo: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, на покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, оствари работна посета на Република Албанија, на општините Пустец и Подградец.

Според соопштението на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, во Глобочeни, близу Пустец, Пендаровски и Бегај го посетиле Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе.

Во музејските простории, претседателите Пендаровски и Бегај и делегациите на двете земји остварија пленарна средба.

На средбата беше изразено задоволство од традиционалното пријателство и засилената соработка меѓу двете земји, како и уверување дека меѓусебната поддршка и размената на искуства ќе продолжат и во иднина, со цел постигнување на стратегиските цели и целосна интеграција на двете држави во Европската Унија.

„Во таа насока беше посочено дека отворањето на пристапните преговори отвори и нови перспективи и можности за двете земји, кои бараат поголема посветеност и преземање сериозни реформски процеси. Воедно беше истакнато дека двете држави треба да се фокусираат на инфраструктурните и енергетските поврзувања, на економската соработка, на ефикасното справување со ризиците од катастрофи и климатски промени, како и на предизвиците што ги носат безбедносните прашања“, се вели во соопштението.

Во Пустец, претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска ги посетија комбинираното основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ и библиотеката на отворено, каде што беа изложени книги на македонски и албански јазик. ​​​​​​​

Во изјавата за медиумите Пендаровски посочи дека овде е концентриран најголем број Македонци на подрачјето на Албанија и дека жителите на Пустец и учениците имаат одлични услови за образование и настава на мајчин јазик.

Заблагодарувајќи се за поканата од Бегај, Пендаровски посочи дека оваа пријателска посета е со цел да покажат дека малцинствата на двата народа што живеат во други држави имаат исти услови за живот како во своите матични држави.

„Значи, она што Албанците го имаат во Северна Македонија, да го имаат и го имаат и Македонците кои живеат во Албанија и обратно“, рече Пендаровски, додавајќи дека двете држави во однос на грижата за националните малцинства можат да бидат пример за сите.

За време на посетата на училиштето, Пендаровски донираше и книги на македонски јазик од Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Живко Чинго и други автори.

Во Пустец, Пендаровски оствари средба со претставници на Здружението на Македонците од Албанија – СОНЦЕ, со кои размени мислења за нивните активности, заложби, како и за можностите за унапредување на положбата на македонското малцинство во Албанија.

Претседателите Пендаровски и Бегај ги посетија и црквите „Свети Архангел Михаил“ и „Пресвета Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.

За време на посетата на Република Албанија, Пендаровски оствари средба и со локалните власти и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, а ќе ја посети и Општина Подградец, каде што ќе оствари средба со градоначалникот Илир Џаколи.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
„Чичко пронаоѓач“ со оштетен вид произведува електрични возила од отпадни материјали
Црна Гора затвори уште две поглавја од пристапните преговори со ЕУ
Калини: Нема Палестина без Газа, нема мир без крај на израелската окупација
Европското обвинителство отвори истрага за измама поврзана со брзата железничка линија во Шпанија
68 милиони тони урнатини претставуваат еколошка и хуманитарна катастрофа во Газа
Пашинјан: Ерменија и Туркије ќе воспостават дипломатски односи во блиска иднина
Муцунски-Касис: Швајцарија понуди помош од ОБСЕ околу спорот со Бугарија
Ердоган: Тероризмот на окупаторите врз Палестинците  е сè подрзок поради рамнодушноста на светот
Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, наскоро ќе донесе одлука
Белгискиот премиер останува на функцијата откако кралот не му ја прифати оставката
Од Данска до Португалија, нов бран закани за летови
Нетфликс ќе инвестира 200 милиони долари во турски продукции во текот на три години
Вадефул: Европа мора да има централна улога во преговорите за Украина
Саудиска Арабија пресретна две балистички ракети лансирани од Хутите
Советот НАТО-Украина одржа вонредна средба во Брисел