| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите поради високите цени
„Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите.“
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите поради високите цени
По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора.      / Photo: AA Archive / AA Archive

По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора. Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува повиците за бојкот, особено што, како што вели нејзината претседателка Мирјана Лончар, граѓаните секојдневно се соочуваат со зголемување на цените на прехранбените производи.

„Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени“, вели Лончар во изјава за МИА.

Одите во продавница, особено во големите супермаркети, вели Лончар, и не знаете која цена ќе ве пречека.

„Иако знаеме како се формираат цените на производите сепак постои нешто што се вика стандард на граѓаните. Се надеваме дека Владата ќе ги поддржи граѓаните и ќе се направи нешто подолгорочно. На пример пролетна кошничка која би важела три месеци наместо еден“, вели Лончар.

Таа потенцира дека за намалување на цените треба да се земат цените на производите од ноември минатата година.

Втората мерка што ја предлага претседателката на Организацијата на потрошувачи е да се провери дали големите ланци на супермаркети имаат меѓусебен договор во однос на зголемувањето на цените. Според Лончар, мерките што би се преземале треба да бидат утврдени заедно со синдикатите и Организацијата на потрошувачите на Македонија.

За ова денеска се огласија и партиите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите и велат дека институциите ќе ги истражат сите злоупотреби. Додаваат дека нема никаква економска причина за зголемување на цените надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

Од СДСМ, пак, оценија дека акцијата за бојкот на маркетите се прелева и кај нас бидејќи Владата не ги заштитила граѓаните од зголемувањето на цените.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пукање во училиште во Крагуевац, две лица се повредени
Силјановска Давкова: Нема доволно гаранции дека исполнувањето на условите ќе овозможи напредок
Невреме предизвика проблеми во Албанија, неколку авиони пренасочени кон алтернативни аеродроми
Од полноќ ново намалување на цената на горивата
Мицкоски: Следните парламентарни избори ќе се одржат во април 2028 година
Формиран Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите
Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
МВР, МТСП и ЈО: Брза заштита за жртвите и решителен прогон на семејните насилници
Со велосипед од Велес до Италија и назад
Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Договрена соработка со Универзитетот Тракија и обука за македонските здравствени работници
МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“
Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот Парламент
Рама: Бугарите треба да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија
Хаџиу и Мецола разговараа за напредокот на Косово во ЕУ интеграциите
Колку е казната доколку немате зимска опрема?
АНБ и МВР разбиле иранска прокси мрежа која планирала терористички напад во Грција
Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, осуден на 17 месеци затвор за попречување на правдата
Со свечена заклетва конституиран новиот состав на Народното собрание на Србија
Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија